Истражување на Zscaler покажа дека над 150 апликации во Play Store се обидуваат да ги заразат корисниците со вирус на Windows. Смешното во овој случај е дека пред една година имаше сличен случај. Беа откриени 132 апликации со вирус за Window , но тоа не беше откриено од Google.
Сега приказната се повторува, а вирусот е ист и се нарекува Ramnit. Апликациите се напишани на компјутери инфицирани со него, и Ramnit се обидува да ги модифицира сите HTML датотеки во заразениот уред со додавање на малициозни iframe-ови за нив. Овие дополнувања потоа се вклучуват кон датотеки во апликациите за Android.
Тука нема непосредна опасност бидејќи самиот вирус е напишан за Windows и не е способен за инфицирање на уред со Android. Покрај тоа, тоа е стар вирус од 2015 година, а веб-сајтовите за кои тој се однесува веќе одамна постоеше.
Сепак, повторувањето покажува дека се уште постојат сериозни грешки во безбедносниот систем Play Store, бидејќи Ramnit е откриен без проблем од над 40 различни антивирусни програми.
Zscaler сугерира дека програмерите го вклучиле вирусот ненамерно бидејќи е целосно дисфункционален. Откако компанијата поднесе предупредување, Google ги отстрани заразените апликации.