Пол Ламберт не е изненаден од успехот на неговиот колега, Пеп Гвардиола. Менаџерот на Стоук Сити, кој ќе се соочи со Манчестер Сити денес, објасни дека најсилниот квалитет на каталонецот е начинот на кој тој ги пренесува своите сфаќања за фудбалот на секој поединечен фудбалер и градење на силен колектив од индивидуалци.
„Разбирам зошто е на врвот во својата професија, бидејќи неговата работа е пред моите очи. Тој го направи тоа во Барселона и во Баерн, а сега и во Сити. Среќата тука нема ништо заедничко. Гвардиола изгради тим во Минхен, кој газеше се по својот пат. Да, тој не ја освои Лигата на Шампионите, но тој го направи тоа на сите други турнири“, рече Ламберт.
Гвардиола освои 14 трофеи во четири сезони со Барселона и седум за три години во Минхен. 47-годишниот каталонец остана без трофеј во својата прва сезона во Манчестер, но минатиот месец го освои Лига Купот, додека води со 13 поени во првенството. На крајот, Сити има уште четири натпревари за победа од последните девет за да биде шампион.
„Некои луѓе ги објаснуваат неговите успеси во Барселона и Баерн со достапните фудбалери, но и нив треба некој да ги тренира. Треба човек да ги натера да веруваат во неговите сфаќања за играта. Тој создаде цела фудбалска филозофија. Го направи тоа и во Барселона, кој беше најсилниот тим што сум го видел, беше неверојатен“, рече Ламберт.
Стоук го доживеа својот најтежок пораз оваа сезона против Сити, кој победи со 7:1 на „Етихад“.