Голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн најверојатно ќе отсуствува околу шест недели поради повредата на глуждот, која ја доби викендов. Од клубот се уште не излегле со официјална информација за состојбата на напаѓачот, но се претпоставува дека лигаментите на десниот глужд се оштетени. Ова е третата таква повреда на Кејн во последните 18 месеци.
Ако претпоставката за неговото отсуство е точна, тогаш тоа значи дека англискиот репрезентативец ќе може да се врати до крајот на април, т.е. ќе може да учествува само во последните две или три натпревари за Тотенхем до крајот на сезоната.
Ова ги загрижува сите во Англија, бидејќи тоа сигурно ќе влијае на подготовките на Кејн за претстојното Светско првенство.
Од ФА вчера се поврзале со Тотенхем, за да добијат детали и да се уверат дека нема да се преземаат никакви ризици со Кејн, кои би го загрозиле дури и минимално неговото учество во Русија.