Милер не ги сака Сити, Барса и Реал во четвртфиналето

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Офанзивниот играч од средниот ред на Баерн Минхен, Томас Милер посака баварците да ги избегнат Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Сити во ждрепката за четвртфиналето на Лигата на шампионите.

„Никој не сака да се сретне со најтешките ривали уште сега, туку кон крајот. Секако дека во моментов Манчестер Сити е многу силен, Барселона доминира во Шпанија, а Реал Мадрид е носителот на трофејот. Ова сигурно се трите најголеми пречки. Но ние сме подготвени да играме со оној, кој ќе ни се падне“, анализира Милер по победата со 3: 1 над Бешикташ.

„Бешикташ се обиде да направи многу во офанзивен план, но и оставаше слободни простори. По паузата се доби интересен натпревар. Тешко можам да се сетам на друг натпревар во кој сме ја губеле топката толку лесно. Чувството во второто полувреме не беше добро“.

„Атмосферата беше импресивна. Кога почнаа свирежите кон нас се чувствуваше напнатост. Но пак кога победуваш со 3:1 во Истанбул, значи не си згрешил сѐ. Задоволни сме што си ја завршивме работата“, додаде Томас.

Слични содржини