Деми Ловато е пејачка, текстописец и актерка. Таа е истакнат бранител на позитивна перцепција на телото и отворено зборува за сопствените битки со нарушувања во исхраната и менталното здравје.
Деми, исто така, учествува во новиот Vogue проект наречен “Американски жени: трансформатори”. Таа сними клип во кој таа храбро ја симнува шминката и екстензиите на нејзината коса, откривајќи ја нејзината природна убавина под нив.
“Мислам дека општеството ни кажува дека ни треба шминка, но зошто не можеме да ја прифатиме природната убавина што ја имаме”, вели таа за Вог. Сепак, ова не значи дека на Ловато не ѝ се допаѓа сјајот, што е задолжителен дел од нејзината работа.
“Сакам шминка. Сакам да се грижам за мојата коса, имам обемна коса, но има време и место за сè и природната убавина треба да се прикаже. ”
Тоа е она што го стори. Проверете во видео.