Рома ја отфрли понудата на Наполи за голманот Алисон. Неаполитанците понудија 35 милиони евра плус 5 милиони евра бонуси за привлекување на Бразилецот, но од Рома го отфрлија предлогот, пишуваат италијанските медиуми.
Според информациите, раководството на Рома има тенденција да се раздели со голманот за најмалку 50 милиони евра. Како што е познато, актуелниот голман на Наполи, Пепе Реина не го обнови договорот со клубот и од летото најверојатно ќе премине во Милан.
Алисон одлично се справува оваа сезона и многу европски гиганти се заинтересирани за него. 25-годишниот голман беше привлечен во летото 2016 година од Интернационал за 7,5 милиони евра.
Минатата сезона, тој играше 15 натпревари, бидејќи беше резерва на Шчесни. По преминувањето на Полјакот во италијанскиот хегемон Јувентус, Алисон доби место во стартниот состав и го покажа својот потенцијал.