Xiaomi Redmi Note 5 Pro наскоро ќе се појави во Европа

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Германскиот новинар Роланд Куанд објавува во социјалната мрежа Twitter информации околу европската премиера на Xiaomi Redmi Note 5.

Како што е познато смартфонот веќе беше претставен во Индија и се продава на локалниот пазар. Според информациите на Куанд, во моментов Xiaomi ги додаваат LTE фреквенциите за европските оператори и секој момент Redmi Note 5 Pro ќе биде достапен и за европските потрошувачи.

Цените на моделите ќе бидат околу 230 евра за верзијата со 3 GB RAM и 32 GB меморија за апликации, а варијантата со 4 GB RAM и 64 GB меморија ќе се продава за 270 евра.

Потсетуваме дека смартфонот нуди 5,99-инчен со сооднос 18: 9 екран, со резолуција 2160×1080 пиксели и чипсет Snapdragon 636.

Redmi Note 5 Pro има и двојна главна камера со 12MP f / 2.2 и 5MP f / 2.0 сензори, а за селфи фотки е додадена 20МР камера со блиц. Технологијата за препознавање на лица е исто така вклучена.

Батеријата пак е со капацитет 4000mAh батерија, а оперативниот систем е Android 7.0 со MIUI 9.