Уапсен шампион на НБА со 126 грама марихуана

од Vladimir Zorba
195 прегледи

НБА шампионот во 2008 година со Бостон, Глен Дејвис беше уапсен за поседување марихуана. 32-годишниот кошаркар, познат како „Биг Бејби“, моментално е слободен агент, а случката се случила во почетокот на месец февруари, пријави ABC2.

Играчот од 206 см е уапсен во Абердин, Мериленд, и ќе се појави на суд во почетокот на април. Полицајците нашле во неговата хотелска соба 126 грама марихуана, куфер со 92 164 долари, како и тетратка со белешки во која, по нивни зборови, биле присутни голем број термини кои се користат од дилери на дрога.

Поранешниот кошаркар на Бостон, Орландо и Лос Анџелес Клиперс изјави за властите дека е на гости кај роднини во државата. Тој има 514 НБА натпревари, но нема тим од 2015 година.