Apple подготвува наследник на iPhone SE?

од Vladimir Zorba
325 прегледи

Нови скици го откриваат дизајнот на претстојниот iPhone SE 2, бидејќи сликата се совпаѓа со веќе откриените информации за новата, поевтина понуда на Apple.

Она што е очигледно од нив е дека уредот ќе има типичен простор во средината на горниот дел на дисплејот. Меѓутоа, недостасуваат стандардниот 3,5-милиметарски аудио приклучок и Touch ID. Вториот нè тера да веруваме дека новиот модл ќе користи Face ID како биометриска опција.

Скиците го потврдуваат видеото, кое се појави во социјалната мрежа Weibo, кое очигледно го покажува истиот iPhone SE 2.

Дополнителните параметри, за кои претпоставуваме, се 4.2-инчен екран (овој пат малку поголем) и A10 Fusion, кој е модел од 2016-та.

Ова треба да е четвртиот паметен телефон на Apple за оваа година, заедно со iPhone Xs, 6,5-инчниот гигант iPhone Xs Plus и 6.1-инчниот iPhone 9.

Слични содржини