
Во кинеската социјална мрежа Weibo се појави видео за кое се тврди дека го покажува iPhone SE 2.
На клипчето се гледа уред кој има сличен на iPhone X исечен дисплеј и видливо работи со iOS. Се разбира, сомнежите за автентичноста на телефонот се сериозни и добро засновани.
За iPhone SE 2 има само гласини, но нема конкретни индикации за скорешна премиера.
Исто така, малку веројатно е компанијата од Купертино да понуди врвни технологии во евтин модел, чија идеја е да биде опремен со постар хардвер и соодветно да се нуди по пониска цена.
Сепак, мислиме дека видеото заслужува да го погледнете па проценете сами: