Има кандидати да го скршат рекордот на Нејмар

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Барем три од најголемите клубови во Европа – Реал Мадрид, Барселона и Пари Сен Жермен, се подготвени да конкурираат за голгетерот на Ливерпул Мохамед Салах, соопштува „Сан“.

Според британскиот таблоид и трите тима имаат многу силна желба да го привлечат египетскиот репрезентативец, откако се подготвени да дадат 200 милиони фунти за неговиот потпис.

Ако тоа стане факт, Салах ќе стане најскапиот играч во историјата на фудбалот, кршејќи го рекордот на Нејмар, кој беше купен од ПСЖ пред помалку од една година за 198 милиони фунти.

Од почетокот на сезоната, Салах има 28 гола во Премиер Лигата и вкупно 36 во 41 натпревар за Ливерпул на сите турнири.

Слични содржини