Конечно! Реал ја откри иднината на Роналдо

од Vladimir Zorba
221 прегледи

Претседателот на европскиот клупски шампион Реал Мадрид – Флорентино Перез, категорично ги негираше информациите дека најголемата ѕвезда на „белите“ Кристијано Роналдо ќе го напушти тимот по завршувањето на сезоната.

Околу името на петкратниот добитник на „Златната топка“ постојано има шпекулации кои го праќаат далеку од „Сантијаго Бернабеу“. Градежниот магнат сепак беше категоричен: „Роналдо не рекол дека ќе си оди! Тој има договор за години, но кога резултатите не се добри …“, изјави Перес, алудирајќи дека шпекулациите почнуваат кога Реал не победува во неколку последователни натпреварот или Кристијано не постигнува гол по гол.

За изјавата на тренерот на Гуангжу Евергранде, Луис Фелипе Сколари дека Роналдо го прашувал за животот во Кина, Перез рече: „Ако имате пријател таму, го прашувате како живее, нели? Тоа е апсолутно нормално“, додаде Перез.

Потсетуваме дека почетокот на сезоната не започна воопшто добро за Роналдо и тој постигна 17 гола и даде 3 асистенции во 23 натпревари во сите натпреварувања, што е малку во споредба со вообичаената презентација. Сепак, од почетокот на 2018 година, португалскиот репрезентативец веќе има 21 погодок и 4 асистенции во 13 натпревари.

Единствено при победата на Реал со 5:3 како гостин на Бетис, Кристијано не се запиша повеќе од еднаш, а во последното коло даде четири гола при 6: 3 над Жирона.

Слични содржини