Рускиот милијардер Алишер Усманов има интерес кон Милан, благодарение на неговите пријателски односи со Пол Сингер од „Elliott Management“. „Росонерите“ моментално се во сопственост на кинескиот бизнисмен Јунхун Ли, но гласини за финансиски потешкотии се појавија во последниве месеци.
Според некои од нив, холдинг-компанијата на Ли „Rossoneri Sport“ му должи на американскиот хеџ фонд „Elliott Management“ сума од 303 милиони евра. Ако не се плати, фондот може да го преземе клубот.
Според „Libero“, Усманов е свесен за ситуацијата и може да се обиде да го купи Милан од Ли. Бизнисменот направи милијарди од рударски и метални инвестиции, а сега поседува 29,25% од акциите на Арсенал. Претходно, рускиот бизнисмен бил заинтересиран за купување на Севиља.