Претседателството на ДУИ ја поздрави одлуката за оставка на министерот за правда Билен Саљији како висок морален чин и порака со висока човечка и политичка одговорност.

Овој чин на министерот Саљији треба да служи како порака до сите носители на политички функции, особено одговорните за владеењето на правото.Оваа оставка ја повторува пораката дека селективна правда не смее да има и сите носиме одговорност за довербата на граѓаните кон институциите на земјата, велат од партијата.
Претседателството на ДУИ му се заблагодари на министерот Саљији за дадениот придонес за време на функцијата како Министер за правда и оцени дека овој висок стандард на индивидуална одговорност поставува нови стандарди во креирањето политики.