Војната на американските власти против Huawei продолжува со полна сила. Во последниве месеци властите го направија невозможното за да ги откажат локалните оператори да продаваат уреди на кинеската компанија, а сега стана јасно дека најголемата трговска мрежа за електроника во земјата Best Buy исто запира да ги нуди уредите на Huawei.
Од Best Buy не прецизираат што точно ги поттикнало кон овој потег, но запознаени тврдат дека компанијата престанала да порачува нови количини од Huawei и по расчистување на залихите ќе ги повлече сите производи на компанијата од својот каталог.
Ова е уште еден удар врз Huawei на територијата на САД откако во јануари прво AT & T, а потоа и Verizon одеднаш се откажаа од договорот да го нудат актуелниот предводник Mate 10 Pro.