231
Торино, најверојатно, ќе го продаде напаѓачот Андреа Белоти следното лето, вели Кориере Дело Спорт.
Сепак, „биковите“ имаат тенденција да се разделат за својата ѕвезда за двојно помала сума отколку што тимот сакаше пред неколку месеци. Тимот е подготвен да го продаде за 50 милиони евра.
Минатата сезона Белоти блесна со 26 гола во 35 натпревари, но во оваа е прогонуван од повреди и успеа да постигне само 9 погодоци од 25 натпревари и неговата ефикасност нагло се намали.
Се проценува дека Белоти се уште е посакуван од Атлетико Мадрид, Челзи, Арсенал и ПСЖ.
Неговиот договор со клубот од Торино е до 2021 година, но веројатно ја игра својата последна сезона за тимот.