Тренерот на италијанскиот шампион Јувентус – Макс Алегри, ја освои наградата „Златна клупа“ за бр.1 во својата професија за последната година во Серија А.
Минатата сезона, 50-годишниот тактичар освои трет златен дубл на чело на „бјанконерите“, со што ја заслужи наградата. Зад него остана Маурицио Сари од Наполи, кој ја зграпчи наградата пред дванаесет месеци. Првите тројца се надополнети со Џанпиеро Гасперини, кој прави чуда со Аталанта.
При наградувањето, Алегри им посака среќа на сите тренери во калчото, но тоа не важи за Сари. Неговите зборови беа кажани низ шега за битката меѓу Јуве и Наполи за Скудетото. Во моментов, шампионите имаат мало водство од два бода на врвот.
Алегри ја освои „Златната клупа“ за трет пат во кариерата (прв пат со Каљари и уште една со Јуве), со што се израмни со Антонио Конте, Марчело Липи и Фабио Капело. На овој начин, Јуве продолжува да ги собира индивидуалните награди.
За фудбалер бр.1 на 2017 година беше избран легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, a во тимот на сезоната, тимот од Торино имаа тројца претставници – Џиџи, Џорџо Киелини и Алекс Сандро.
Со толку беше и Аталанта.