Што има во чантата на Тони Брекстон?

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Тони Брекстон призна дека не тргнува никаде без влажни марамчиња и средство за дезинфекција, бидејќи била гермафоб – т.е., има фобија од бактерии. Педесетгодишата пејачка откри дека е преплашена да не се инфицира со нешто. Повеќето нејзини пријатели биле свесни за тоа, и затоа се усогласиле со нејзините чудни навики.

Освен влажни марамчиња и средство за дезинфекција, во чантата на Тони Брекстон во секое време може да се открие и нешто друго – јаболка и банани. Причината е тоа што јадењето овошје ѝ помогало да пее подобро.

„Во мојата торба обично имам банана. Вокалниот педагог ми кажувал секогаш да имам под рака пред концерт или друг вид учество во кое се бараат вокални вештини, да јадам банана или јаболко, бидејќи помагаат да се смири грлото“, открива Тони Брекстон.

Слични содржини