343
Samsung очигледно ќе го лансира Galaxy J8 (2018) наскоро. Код на производот SM-J800FN, веќе е сертифициран од Wi-Fi Alliance.
Според гласините, телефонот ќе нуди процесор Exynos 7870 по примерот на минатогодишните модели Galaxy J5 (2017) и Galaxy J7 (2017), а најголемата новина се очекува да е воведувањето на Infinity Display.
Во исто време, стана јасно дека Корејците имаат намера сериозно да ја проширатевтината серија Ј. Во САД беа патентирани имињата Galaxy J3 Orbit и Galaxy J7 Crown, а во различни бенчмарк тестови се појавија телефони со кодови на производите, кои водат до имињата Galaxy J4 и Galaxy J6.