Чан го уценува Ливерпул за вселенска плата

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Универзалниот борец на Ливерпул, Емре Чан го уценува клубот за вселенска плата, за да не си замине како слободен агент на крајот на сезоната, пишува „Сан“.

Ливерпул се подготвени да му платат на германскиот репрезентативец максимум 200.000 фунти неделно, но тој сака уште повисока сума.

Како што е познато, силен интерес кон Чан има од Јувентус, Манчестер Сити и неговиот поранешен тим Баерн Минхен. Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп сепак прави се што е можно за да го убеди својот играч да остане на „Енфилд“.

24-годишниот Емре увери неодамна дека не потпишал преддоговор со ниту еден тим и е целосно фокусиран на крајот на сезоната со „црвените“.

Слични содржини