Критичарите на Лионел Меси во Аргентина треба да молчат засекогаш по синоќешниот понижувачки пораз со 1:6 од Шпанија, во кој Лео не зеде учество.
Во одбрана на Меси се изрази дури напаѓачот на Атлетико Мадрид и шпанската репрезентација, Диего Кошта, кој ги повика „гаучосите“ да се грижат за својата ѕвезда и да бидат благодарни што го имаат во своите редови, наместо да го критикуваат постојано.
„Во Аргентина сакаат постојано да го критикуваат Меси, но синоќа ги видовме што знаат без него. Аргентина треба да се грижи за Лео, таму треба да се благодарни што тој игра за нив. Ако Меси не беше во нивниот тим, како воопшто ќе се справат“, реторички праша Кошта.