Познат модел 25 години ја криеше вистината за својот изглед

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Поранешниот супермодел, Тајра Бенкс во својата нова книга „Perfect is boring“, откри детаљ за нејзината убавина, кој успешно го криела повеќе од 25 години.

Таа призна дека нејзиниот изглед не е сосема природен, како што многумина мислеа, затоа што таа на почетокот на нејзината кариера била на операција со која го „поправила“ носот.

„Имав коски во мојот нос што ми пречеа и ми создаваа проблеми и признав, бев на операција на носот. Не можев да дишам и го исправив, а кога бев веќе на операција, го спуштив носот и имав лажна коса. Ете, признав“, рече Тајра за „People“.

Таа вели дека написите за тоа дека ги зголемила градите се лажни и додаде дека никогаш не била на третмани за подмладување, но не ги осудува оние жени кои се подложуваат на такви.

Тајра ја започна својата кариера како 15-годишна.

Слични содржини