Расчистувањето на хаосот и проблемот со неправилото паркирање во Дебар Маало и Градски парк продолжува и овој викенд, информираат од општина Центар.Акцијата за отстранување на сите непрописно паркирани возила во Дебар Маало и Градски парк, денеска се спроведува од страна на ЈП ПОЦ, ЈП „Градски паркинг“, СВР Скопје и комуналните инспектори на општина Центар.

Акцијата, која ќе се одвива редовно, е поради сообраќајниот метеж и паркираните возила по улиците и тротоарите кои го оневозможуваат нормалното движење на пешаците и безбедното возење.
Од општина Центар апелираат граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места./МИА