264
Мохамед Салах преговара со Реал Мадрид и најверојатно ќе игра во главниот град на Шпанија следната сезона, вели „Дон Балон“.
Според информација на извор на медиумот, египетскиот напаѓач поставил два услови пред европските клубски шампиони, за да заигра кај нив – загарантирано место во стартниот состав и плата, која отстапува само од онаа на суперѕвездата Кристијано Роналдо.
Претходно, британските медиуми објавија дека Салах наскоро ќе потпише нов договор со Ливерпул, кој сака да го задржи по секоја цена. Во овој договор, клаузула за откуп на 25-годишната египетска ѕвезда ќе се зголеми на 200 милиони евра.
Во оваа сезона, Салах има 42 натпревари, 37 гола и 12 асистенции во сите турнири.