Баерн ќе го откупи Хамес од Реал

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Германскиот гигант, Баерн Минхен ќе ја искористи можноста да го откупи Хамес Родригез од Реал Мадрид за 42 милиони евра ова лето, пренесе „Марка“.

Колумбискиот репрезентативец премина на „Алијанц арена“ во јули на позајмица за 13 милиони евра.

Тој забележа 5 гола и 11 асистенции во 28 натпревари во кампањата досега, а Баерн е на само 2 поени од одбраната на титулата на шест кола пред крајот на Бундеслигата, а на 17 април ќе гостува на Баер Леверкузен во полуфиналето од турнирот за националниот Куп.

26-годишниот Хамес има желба да остане во Минхен, а кога клаузулата ќе биде активирана официјално, тој автоматски ќе стане сопственост на Германците до летото 2022 година.

Баварците утре гостуваат на Севиља во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Слични содржини