Oukitel U22 – 5,5-инчен смартфон со 4 камери, Android 7 и ниска цена

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Oukitel U22 е паметен телефон со елегантно тело кое не само што му дава луксузен изглед, туку и гарантира максимална издржливост. U22 привлекува внимание со своите четири камери, односно двојни камери на предната и задната страна. Карактеристика која ги надминува сите свои конкуренти во нискиот ценовен сегмент. На овој начин, Oukitel U22 нуди можности за фотографирање што сме навикнати да го поврзуваме со поскапи уреди, но по многу попристапна цена.

На задната страна се достапни 13 мегапиксели и дополнителни 2MP леќи со LED блиц. Снимањето на селфи и видео повиците од паметниот телефон доаѓаат од 8MP / 2MP сензорите напред. Oukitel U22 е опремен со 5,5-инчен дисплеј со HD резолуција од 1280×720 пиксели кој поддржува IPS-технологија. Паметниот телефон обезбедува максимални светли и интензивни бои, дури и при директна светлина, но и долг животен век на батеријата со 2780mAh. Оваа вредност е доволна да се очекува целосен ден на работа со едно полнење, без разлика колку активно ќе го користите екранот и камерите.

Oukitel U22 работи со Android Nougat и има 4-јадрен процесор на MediaTek 6580 со 2GB RAM, кои гарантираат оптимални перформанси, дури и ако сте отвориле неколку апликации. Новиот модел има сензор за отпечатоци и е достапен за 100 долари.

Слични содржини