Samsung подготвуваат премиера на нов мобилен процесор од висока класа, кој се развива со името Exynos 9820. Овој чип ќе понуди бројни подобрувања и ќе го наследи Exynos 9810, кој беше претставен официјално пред неколку месеци. Според непотврдени информации новиот процесор можно да е првата архитектура произведена со 7-нанометри EUV технологија. Инженерите веќе спроведуваат серија тестови со различни прототипови на Exynos 9820 со цел да се оптимизира работата на процесорот.
Сè уште немаме други податоци за карактеристиките на претстојната архитектура. Се очекува да биде првиот Samsung процесор кој ќе поддржува брзи 5G мрежи. Корејскиот производител веќе ангажирал тим од специјалисти, кои ќе бидат задолжени за развојот на Exynos 9820. Преминувањето кон нова производствена технологија ќе му овозможи на чипот да гарантира истовремено поголема брзина на работа и помала потрошувачка на енергија.
Qualcomm исто веќе експериментира со различни 5G модули, што дополнително ќе ја заостри конкуренцијата помеѓу компанијата и Samsung. Постои силна веројатност дека ќе ги видиме првите процесори со оваа технологија до крајот на годината. Ова значи дека масовното навлегување на паметни телефони со поддршка за 5G мрежите ќе се случи следната година. Samsung Galaxy S10 најверојатно ќе биде првиот уред на компанијата која работи со Exynos 9820 процесор во мобилната индустрија.