246
За време на светскиот мобилен конгрес во Барселона, Qualcomm најави планови за нова производна линија Snapdragon 700, која ќе ја скрати разликата меѓу процесорите во предводниците и оние од средната класа.
Според германскиот новинар Роланд Куанд, првиот претставник на серијата ќе биде Snapdragon 710. Во пост на социјалната мрежа Twitter, Куанд не открива детали за чиповите, но од најавата на Qualcomm можеме да очекуваме ВИ, обработка на слики со ISP Spectra, Bluetooth 5.0, Quick Charge 4.0 и нови јадра Kryo.
Друга важна карактеристика е дека се претпоставува зголемена енергетска ефикасност во однос на сегашниот Snapdragon 660, што пак ветува подолга автономна работа на уредите.