Паркот на пријателството е новиот проект на Куманово. Овде ќе бидат сместени спомен обележја на американски фирми кои вработуваа кумановци во Авганистан и Ирак. Идејата ја промовираше кумановскиот градоначалник на советот на Куманово вчера.

Спомен плочите ќе бидат закачени во мал парк кај новиот кумановски базен, а прва на ред за закачување е Келог Браун и Рут, компанија од Тексас, во која сопственик беше и поранешниот американски секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд. Почеста според градаоначалникот ја заработиле – со вработување на илјадници кумановци кои беа платени и до 10 илјади долари месечно.