Раководството на Реал Мадрид знае кој ќе биде новиот тренер, ако Зинедин Зидан биде отпуштен, пишува британскиот таблоид „The Sun“.
Според изданието, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е едно од имињата на листата. Во оваа сезона Реал одлично се справува во Лигата на Шампионите, но огромната разлика со Барселона и неуспехот во Ла Лига можат да го чинат Французинот отказ.
Претходно во текот на сезоната, тој објави дека сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“ и во следната сезона. Изданието е сигурно дека Зидан ќе бидат исфрлен, ако „кралевите“ испаднат од Лигата на Шампионите, а гласините околу Клоп се поврзани и со интересот кон ѕвездата на Ливерпул – Мохамед Салах.
Францускиот специјалист и неговите фудбалери ќе се соочат со уште еден тест денес. Реал ќе излегува против градскиот ривал Атлетико Мадрид во директен судир за второто место. Дуелот ќе започне во 16:15 часот.