Автобус на струја ќе се вклучи на тест период во јавниот превоз во Скопје. Во базата на ЈСП во Автокоманда веќе пристигнал автобусот, јавува Независен.мк.

Се очекува по скопските улици да почне да вози за две недели, на линијата „15“. Во меѓувреме, возилото треба да се ребрендира, да се монтираат валидаторите, како и да заврши изведбата на неопходната инфраструктура.