Nvidia ја сопира поддршката на 32-битни оперативни системи

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Девелоперот на графички производи, Nvidia најави дека ќе ја прекине овој месец поддршката на старите Fermi графички картички и оперативни системи, особено 32-битните.

Веќе во декември компанијата предупреди за претстојното запирање на надградби на драјвери за сите GPU архитектури под управување на 32-битни оперативни системи. Сега Nvidia прецизира дека поддршката на овие производи ќе заврши кон крајот на април 2018 година.

Подоцнежните верзии на драјверите нема да работат или да се инсталираат на 32-битни платформи, Microsoft Windows 7, Windows 8 / 8.1, Windows 10, Linux и FreeBSD. Но сепак Nvidia ќе обезбеди поддршка во случај на технички проблеми во безбедноста до јануари 2019 година.

По април 2018 година компанијата ќе лансира надградби на драјверите само за графичките картички на база Kepler, Maxwell и Pascal.

Слични содржини