Вештачката интелигенција ќе стане стандардна карактеристика за секој паметен телефон во наредните години. Во моментов, водечките производители развиваат свои ВИ системи и ги насочуваат своите виртуелни / говорни асистенти.
Huawei, третиот по големина производител на паметни телефони во светот, сега има Kirin 970 процесор кој вклучува блок за вештачка интелигенција. Кинеската компанија постојано ја усовршува ВИ технологијата, а комбинирањето на невронските мрежи со гласовен асистент ќе ја однесе употребата на паметните телефони на следното ниво.
Во овој момент, гласовниот асистент може да извршува команди, да пронајде информации и да диктира, но сè уште не може да ги разбере емоциите на луѓето. Huawei сака да го реши овој проблем – користејќи го микрофонот и камерата на паметниот телефон и користејќи податоци од преносливата електроника, виртуелниот асистент ќе научи да разбира како човек се чувствува и во каква состојба е.
За новите случувања во компанијата сподели заменик-претседателот за развој на софтвер, Феликс Чанг, во интервју за CNBC. Се претпоставува дека како резултат на подобрување, виртуелниот асистент ќе стане навистина личен.
Крајната цел на Huawei е да го претворат паметниот телефон во вистински придружник, кој нема да направи да се чувствувате осамено. Идејата за создавање на емотивен ВИ асистент е инспирирана СФ филмовите, признаваат од компанијата.
Аналитичарите предвидуваат дека во иднина, виртуелните асистенти ќе можат да го препознаат расположението на луѓето и да обезбедат поперсонализирани одговори врз основа на анализа на информации. До 2022 година, личните уреди ќе знаат повеќе за нашата емоционална состојба отколку за членовите на нашето семејство, велат Гартнер.