Во УЕФА шокирани од инцидентите пред дуелот Ливерпул – Рома

од Vladimir Zorba
193 прегледи

УЕФА го осуди остро однесувањето на навивачите на Рома, кои нападнаа приврзаници на Ливерпул, а како последица на инцидентите настрада 53-годишен Ирец.

Непосредно пред почетокот на натпреварот на „Енфилд“, група од околу 20 италијански хулигани ги нападнаа навивачите на Ливерпул. При инцидентот, 53-годишен фан на Ливерпул доби тешки повреди по главата и е пренесен во болница во критична состојба.

Вкупно седум учесници во инцидентите беа уапсени.

„УЕФА е шокирана од подлиот напад пред натпреварот во Лигата на шампиони. Нашите мисли сега се со семејството на жртвата. Таквите кои напаѓаат на овој долен начин, немаат место во фудбалот. Ќе ги почекаме извештаите од натпреварот и ќе процениме какви дисциплински мерки да преземеме“, се вели во соопштението на УЕФА.

Раководството на Рома исто го осуди однесувањето на малата група хулигани.

„Оваа мала група донесе срам за клубот и мнозинството приврзаници на Рома, кои се однесуваа на ниво на „Енфилд“. Нема место на стадионите за таков тип однесување и Рома ќе помага на Ливерпул, УЕФА и властите во овој случај“, се вели во изјавата на „волците“.

Слични содржини