Големиот редизајн на Gmail веќе e факт

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Од неодамна се зборува дека Google подготвува сериозен редизајн на најпопуларниот сервис за електронска пошта Gmail, а сега дознавме како точно ќе се промени и видовмр некои од новитетите.

Дел од подобрувањата се фокусирани на продуктивноста – веќе може да кликнете на закачените фајлови, без да мора да отворате или „лизгате“ долги разговори, има опција да одложите избрани писма преку копчето „snooze“ и дури можете да користите други апликации со кои работите често како Google Calendar, Tasks и Keep.

До писмата Gmail ќе ви покаже и потсетници да одговорите, за да не заборавите да го направите тоа. Додадена е и опцијата Smart Reply за брзи одговори со готови фрази што ги знаеме од мобилната верзија на Gmail. Кога стана збор за тоа, и мобилното издание на услугата добива нови функции како известувања со висок приоритет, кои ќе ве потсетуваат на важни пораки за да останете фокусирани, без да ја прекинувате работата. Услугата ќе започне и да ве потсетува да се откажете од „њузлетери“, кои веќе не ги читате.

Google, исто така, вклучи нови предупредувања за потенцијално ризични писма. И конечно доаѓаме до новата функција за доверливост, која ги отстранува од избрани писма опциите за референца, копирање, превземање и печатење – тоа е корисно кога споделувате чувствителни информации. Можете исто така да поставите период по кој мејловите автоматски ќе се избришат.

Google наведува дека новата веб верзија на Gmail веќе може да се тестира, но некои функции ќе бидат додадени во следните недели. Преминувањето кон неа се случува преку копчето за прилагодувања и избирање на опцијата „Try the new Gmail“.

Слични содржини