Ливерпул до Реал: 200 милиони фунти за Салах? Не благодариме!

од Vladimir Zorba

Раководството на Ливерпул отфрлија понуда на Реал Мадрид за египетскиот репрезентативец Мохамед Салах во вредност од 200 милиони фунти, пренесува „Дејли Меил“.

25-годишниот Салах прави извонредна сезона за Ливерпул со 43 гола и 15 асистенции во 47 натпревари на тимот.

Претседателот на шпанскиот град Флорентино Перез планира нова ѕвездена селекција во текот на летото, откако Египќанецот е меѓу приоритетите во трансферниот список заедно со Нејмар од Пари Сен Жермен, голгетерот на Тотенхем Хари Кејн и голманот Давид Де Хеа од Манчестер Јунајтед.

Во исто време Реал е подготвен да се раздели со Герет Бејл и Карим Бензема, ако ги добие посакуваните суми за трансакциите.

Слични содржини