iOS 11.3.1 ги поправа проблемите со екраните од други производители

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Apple почна да дистрибуира iOS 11.3.1. Ажурирањето е првенствено насочено кон поправање на безбедноста и отстранување на грешки од iOS 11.3, пуштена минатиот месец.

Главното прашање е за корисниците на iPhone 8 уреди кои немаат оригинален екран. По претходното ажурирање, многу од нив се соочија со различни тешкотии, бидејќи дисплеите не реагираа на допир.

Во исто време, компанијата од Купертино исто така започна бета тестирање на iOS 11.4, кој ќе биде објавен кон крајот на мај или почетокот на јуни – во надградбата влегуваат AirPlay 2 и Messages во iCloud.

Слични содржини