ВМРО ДПМНЕ во реакција велат дека јавниот долг на Р.Македонија скокнал над 5 милијарди евра, а државниот над 4 милијарди евра.

„Заклучно со последните информации кои ги објавува министерството за финансии за првото тромесечие во 2018 година, и покрај фризирањата преку вештачки напумпаните проценки на БДП, јавниот долг ја надмина психолошката граница од 5 милијарди евра, односно изнесува над 5 милијарди и 84 милиони евра. Државниот долг исто така ја надмина психолошката граница од 4 милијарди евра и сега тој изнесува над 4 милијарди и 270 милиони евра“, се вели во дел од реакцијата.