Се појавија слики и спецификации на Xiaomi Redmi S2

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Xiaomi Redmi S2 е во центарот на гласините во последно време. Уредот веќе се појави кај кинескиот регулатор TENAA и очигледно е многу блиску до премиера, бидејќи во Чешка, каде што Кинезите отвораат продавница, се појавија фотографии и целосните спецификации на тест парче.

Постот подоцна беше отстранет. Од информациите, станува јасно дека Redmi S2 ќе располага со 5.99-инчен IPS дисплеј со резолуција 1440×720 пиксели, процесор Snapdragon 625, 3 GB RAM и 32 GB меморија за апликации.

Двојната камера е поставена вертикално и нуди сензори со резолуција 12 и 5 мегапиксели. Во моментов нема потврдена информација за камерата за селфи, но според гласините, таа ќе има резолуција 16 мегапиксели.

Според чешки извори, батеријата има капацитет од 3080 mAh. Од Xiaomi се уште се потпираат на microUSB порт за полнење, а освен тоа се чува и 3.5 милиметарскиот џек за слушалки.

Оперативниот систем е Android 8.1 Oreo.