Ливерпул на гол од уникатен рекорд на Барса во ЛШ

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Ливерпул се наоѓа само на еден гол од рекордот на Барселона за најмногу постигнати погодоци во Лигата на Шампионите во рамките на една сезона.

Статистика на европската фудбалска централа УЕФА покажува дека Ливерпул постигнале 44 гола досега во оваа сезона, земајќи ги во предвид и шесте погодоци во голот на Хофенхајм, реализирани во квалификациите за влез во групите.

Врвно достигнување на Барса е 45 гола во 16 натпревари, постигнат во сезоната 1999/2000, кога на чело на тимот беше Луис ван Гал. Тогаш каталонците постигнуваа во просек по 2.81 гола на натпревар, додека Ливерпул бележи во просек 3.38 гола на натпревар, со оглед на одиграните 13 дуели.

Ако не се сметаат шесте гола против Хофенхајм, Ливерпул на Јирген Клоп пак ќе влегоа во топ 3 за најмногу постигнати погодоци во една кампања во Лигата на Шампионите. Како што е познато, во средата Ливерпул гостува на Рома, откако го освоија првиот полуфинален судир со 5:2.

Еве ги и Топ 10 во однос на постигнатите голови за една сезона во ЛШ:

1. Барселона – 45 гола во 16 натпревари, во просек 2.81. Сезона 1999/2000
2. Ливерпул – 44 гола во 13 натпревари, во просек по 3.38 гола. Сезона 2017/18
3. Реал Мадрид – 41 гол во 13 натпревари, во просек по 3,15. Сезона 2013/14
4. Манчестер Јунајтед – 37 гола во 16 натпревари, во просек 2.31. Сезона 2002/03
5. Реал Мадрид – 36 гола во 13 натпревари, во просек 2.77. Сезона 2016/17
6. Барселона – 36 гола во 15 натпревари, во просек по 2.4. Сезона 2008/09
7. Барселона – 35 гола во 12 натпревари, во просек 2.92. Сезона 2011/12
   Реал Мадрид – 35 гола во 12 натпревари, во просек 2.92. Сезона 2011/12
9. Реал Мадрид – 35 гола во 16 натпревари, во просек 2.19. Сезона 2000/01
10. Реал Мадрид – 35 гола во 17 натпревари, во просек по 2.06 – сезони 1999/00 и 2001/02.

Слични содржини