Синоќа гореше стан над ресторанот „Пелистер“

од desk2
92 прегледи

Пожар изби синоќа во зграда на плоштадот „Македонија“ во која се наоѓа ресторанот „Пелистер“. За среќа нема жртви, ниту повредени, а евакуирана била целата зграда поради густиот чад.

Фотографија: Столе Георгиев

Пожарот избил во спалната соба во станот. Пожарникарите интервенирале со 6 возила и брзо го локализирале пожарот.