595
Британскиот модел Кели Брук изгледа повеќе од среќна за време на одморот на грчкиот остров Миконос, каде е заедно со својот партнер – италијанскиот модел и ТВ ѕвезда Џереми Паризи.
Вчера тој го прослави својот 33-ти роденден, а раскошната убавица не пропушти да објави во „Инстаграм“ жешка слика со него, честитајќи му го празникот.
Поранешната девојка на рагбистот Дани Кипријани ги израдува своите следбеници на социјалната мрежа и со други фотографии на кои позира сама и изгледа убава и среќна.