BlackBerry Ghost ќе биде претставен до крајот на летото

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Популарниот корисник на Twitter, Еван Блас (@evleaks) објави на социјалната мрежа информации за нов BlackBerry уред што ќе се појави на пазарот до крајот на летото. Тој ќе се вика BlackBerry Ghost, а единственото познато за него е дека дисплејот ќе биде со намалени рамки, а двојната задна камера ќе биде оптимизирана за слики при слаба осветленост и ќе нуди оптички зум.

Дизајнот и производството на BlackBerry Ghost ќе бидат преземени од страна на компанијата Optiemus Infracom која ги држи правата на брендот BlackBerry за Индија. Тоа пак значи дека телефонот барем во почетокот ќе се нуди само во таа држава.

Во исто време од Optiemus најавија пред некое време дека планираат неколку нови модели со брендот BlackBerry, па Ghost може и да не е единствениот нивен предлог.

На 7 јуни пак очекуваме премиера на моделот KEY2, кој исто така има двојна камера.