
Lenovo Z5 е името на новиот паметен телефон кој им нуди на корисниците импресивен животен век на батеријата. Уредот е предмет на голем број шпекулации во текот на последните неколку месеци, и конечно дознаваме кога ќе биде премиерата. Кинескиот производител официјално потврди дека Lenovo Z5 ќе биде прикажан за време на специјален настан на 5-ти јуни. Lenovo, најверојатно, ќе започне со продажбата на паметниот телефон до крајот на следниот месец, вели AndroidHeadlines.
Според податоците, Lenovo Z5 ќе се базира на 18 патентирани технологии и ќе понуди неколку карактеристики што не сме ги виделе претходно во мобилната индустрија. На пример, ова ќе биде првиот паметен телефон во светот кој нуди импресивна 4TB вградена меморија. Во моментот, моделите од висока класа имаат капацитет од 512GB, што е осум пати помалку од оној на Lenovo Z5. На екранот целосно ќе се елиминираат рамките и ќе придонесат за сооднос на тело / екран од 95%.
Новиот модел ќе работи на процесорот Qualcomm Snapdragon 845, кој е дополнет со 6GB RAM меморија. Батеријата ќе обезбеди до 45 дена во режим на мирување. Интересен детаљ е дека дури и на 0% ќе понуди околу 30 минути време за разговор, поради софтверски оптимизации. Lenovo Z5 ќе има двојна задна камера и ќе работи под Android Oreo. Уште само треба да дознаеме која ќе биде цената на импресивниот уред во Европа.