„Honor Play“ ќе понуди 4Д гејминг

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Само пред неколку дена стана јасно дека Huawei ќе понуди револуционерна технологија во својот смартфон до крајот на годината. Се покажа дека дебито на иновацијата ќе биде на 6 јуни, кога ќе биде официјалната промоција на Honor Play.

Во моментов не се знае премногу за уредот, но од најавата се гледа дека тој ќе нуди функција за 4D гејминг која ќе се потпира на вештачката интелигенција. Вештачката интелигенција, исто така, ќе биде силно застапена во камерата на паметниот телефон.

Паралелно со веста за премиерата во интернет страницата на кинескиот регулатор TENAA се појави нов телефон Huawei со продукт код LLD-AL30 и најверојатно станува збор токму за Honor Play.

Тој нуди 5.84-инчен дисплеј со резолуција 1080×2280 и 2900 mAh батерија. Главната двојна камера е со сензори од 13 и 2 мегапиксели, додека селфи камерата има резолуција од 16 мегапиксели.

Телефонот, исто така, има 4 GB RAM меморија и верзии на 32 и 128 GB меморија за апликации.

Се разбира, Honor Play може да биде и друг уред, па барем засега овие параметри може да не се релевантни за него.