
Apple многу брзо може целосно да ја намали содржината на вашите џебови. По елиминирањето на паричникот со ApplePay, луѓето ќе се ослободат и од клучевите. Причината е што компанијата развива нова услуга за да обезбеди пристап без клуч до домот или автомобилот.
Според различни извори, компанијата може да ја прошири комуникацијата на NFC чипот и да дозволи таа да извршува други интеракции како оние што се наведени. Таквите гласини можат да се потврдат откако стана јасно дека Apple работи со HID Global за создавањето на iOS 12, што најверојатно ќе ги прошири предложените услуги.
Повеќе информации за овој додаток ќе бидат достапни во јуни, кога ќе започне конференцијата за WorldWide Developers. Почетокот на истата е на 4 јуни (само неколку дена од сега).
И покрај тоа што звучи неверојатно, предлагаме да не ги фрлате клучевите уште сега. Овој хардвер нема батерии, може да работи во секое време и тешко може да се пробие.