Snapdragon 710 е произведен по 10 nm процес

од Vladimir Zorba
54 прегледи

Објавениот оваа недела нов чипсет од средната класа Snapdragon 710 e произведен по 10nm LPP процес на Samsung. Ова пак, понатаму ги поддржува тврдењата на Qualcomm дека процесорот е исклучително енергетски поефикасен во однос на неговите претходници.

Главниот конкурент е Helio P60 на MediaTek, кој е произведен по 12 nm процес од TSMC.

Според онлајн изданието DigiTimes, Snapdragon 710 е наменет првенствено на кинескиот пазар, а очекувањата на Qualcomm се главните клиенти да бидат локалните производители на смартфони.

Токму поради нив е и силниот фокус врз вештачката интелигенција, кој ужива исклучителен интерес од страна на локалните потрошувачи.