Snapdragon 850 е наменет за лаптопи (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Qualcomm го објави новиот чипсет Snapdragon 850, кој е специјално дизајниран за употреба во лаптопи, па е малку веројатно да го видиме во паметните телефони. Практично станува збор за варијанта на добро познатиот Snapdragon 845, кој е оптимизиран за употреба во поголеми уреди.

Повторно откриваме јадра Kryo 385, но фреквенцијата им е зголемена од 2.8GHz на 2.96GHz, а останатото е непроменето, што значи дека вклучува графички забрзувач Adreno 630, Hexagon 685 DSP, LTE модем Snapdragon X20 со максимална брзина 1.2Gbps и Spectra 280 ISP. Qualcomm ветува природна поддршка во Windows 10 за ARM64 апликации преку 64-битна Win32 SDK, а освен тоа има компатибилност со 64-битна верзија на прелистувачот Edge.

Првите уреди со Snapdragon 850 би требало да се на пазарот кон крајот на годината, а меѓу нив ќе има и модел на Samsung.