HTC ќе инвестира во VR, AR, AI, IoT и 5G

од Vladimir Zorba
256 прегледи

HTC ќе продолжи да инвестира во нови технологии, вклучувајќи ги и оние во сферата на виртуелната реалност (VR), проширената реалност (AR), Вештачка интелигенција (AI), IoT (Интернет на Нештата) и 5G.

Информацијата е на Digitimes, откако изданието ја цитира Шер Вонг, член на бордот на директори на компанијата. HTC исто така е заинтересиран за разни апликации за блокчеин технологија и е подготвен да го издаде својот сопствен паметен телефон – HTC Exodus.

Целокупната стратегија на HTC ќе се вика Vive Reality и како што рековме ќе вклучува голем број на напредни технологии како VR, AR, AI, 5G, но и такви, кои досега не се појавиле.

Што се однесува до најпрепознатливиот дел од бизнисот на компанијата, паметните телефони, ќе прифатат „нови форми“. Тие ќе играат важна улога во екосистемот на HTC, додавајќи нови технологии.