Кју 8 – најлуксузниот кросовер на Ауди

од Vladimir Zorba
188 прегледи
Се чини дека Ауди не може да биде задоволен со Кју 7 како лидер на нивниот избор на луксузни, „оф-роуд“ автомобили. Така на бел свет излегува Ауди Кју 8. Позициониран над Кју 7, новиот модел на германскиот концерн е најудобен за патувања. Па така, Ауди сега ќе ги вкрсти мечевите со Порше и Бентли во овој сегмент.
Новиот Кју 8 е поширок, но понизок и пократок од Кју 7. Во исто време неговото растојание меѓу оските е речиси три метри. Ова обезбедува максимална удобност за патниците со седиште на сите пет места. Седиштата ги имаат сите заводливи опции, како што е масажа. Сепак, не се врти сè  околу удобноста. Волуменот на багажникот е 655 литри, а ако ги пуштите задните седишта, ќе имате 1.755 литри простор.
Однадвор, има агресивен изглед поради неговата ниска кабина заедно со големи, 22-инчни тркала. Предната решетка е проширена, а освен неа, маската, спојлерот и дифузерите имаат боја, спротивна од онаа на каросеријата.
Новиот Q8 се напојува со модерен хибриден систем. Тајната лежи во технологијата за регенерација на енергија. Преку кочењето, можат да бидат вратени до 12 киловати моќност.
Погонот на четири тркала е стандарден за моделот. Постои воздушна суспензија, при што висината на возилото може да се прилагоди за речиси девет сантиметри. Постои можност за вртење и на задните тркала  до пет степени.
Во внатрешноста го наоѓаме новиот инфозабавен систем на Ауди со два екрана на допир. Нивните димензии се 10,1 и 8,6 инчи, соодветно, на горниот и долниот екран. За максимална удобност, се обезбедува четиризонски систем за контрола на климата.
Со нетрпение го очекуваме Ауди Кју 8 на европскиот пазар во третиот квартал од оваа година. САД ќе го видат моделот во последниот квартал од 2018 година. /МИА